Nokia телефони повторно на пазарот од идната година

Продажбата на делот за уреди од Nokia на Microsoft значеше и крај за овој бренд, барем привремено. Според договорот, делот од Nokia кој што остана да функционира, нема право да произведува мобилни телефони под тој бренд до крајот на 2016 година.

Фановите на Nokia продолжија да се надеваат дека сепак овој бренд ќе остане и повторно ќе можеме да го видиме на пазарот за мобилни уреди. Од компанијата имаше и изјава која што ги негира гласините за можното повторно враќање во бизнисот, но сепак надежите кај корисниците останаа, пишува Smartportal.

Сепак, во интервју за германскиот Manager Magazin, директорот на Nokia изјави дека тие планираат да го вратат брендот кај мобилните телефони од идната година. Тоа нема да биде преку директно производство на мобилните уреди, туку преку нивно дизајнирање и лиценцирање на брендот на други производители. Ваков беше случајот со Nokia N1 таблет компјутерот кој што беше произведен од тајванскиот Foxconn.



„Ќе бараме соодветни партнери. Microsoft произведува мобилни телефони. Ние едноставно ќе ги дизајнираме и потоа ќе го направиме достапно бренд името за лиценцирање“ – изјави директорот на Nokia Rajeev Suri.

Враќањето на Nokia на пазарот на мобилните телефони ќе израдува многу корисници, без разлика од кого тие уреди ќе бидат произведени.

Се поставува прашањето дали тие ќе бидат направени со познатиот стил на старите телефони, поради фактот што тимот кој што беше одговорен за досегашното дизајнирање на уредите, не работи веќе во Nokia. Сепак од компанијата се најавуваат интересни дизајни кои што ќе дојдат од сегашниот Nokia Technologies дел од компанијата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О