Фотографијата на Џесика Матриоус, која ја снимила трагичната несреќа, но и трогателни сцени по сообраќајката која се случила во четвртокот во Колорадо, го обиколила целиот свет.
Во страшната несреќа животот го загубил сопругот, а неговата сопруга и три деца биле тешко повредени, додека четвртото, најмалото дете, поминало со полесни повреди.
Најмладата ќерка, во своите раце по несреќата ја земал еден полицаец, кој се обидел да ѝ го одвлече вниманието од несреќата, покажувајќи ѝ нешто во далечина и пеејќи ѝ песни, пишува Metro.
Станува збор за полицаецот Ник Страк, кој изјавил дека кога слушнал дека во автомобилот има и деца, во желудникот почувствувал силен грч, а кога излегол на терен, некој му донел 2-годишно девојче, што посебно го погодило, со оглед на тоа дека има дете на иста возраст.
"И моите деца се такви, треба да им се даде знаење дека е некој покрај нив. Додека ја држев во раце, ме допираше за дланката во ритамот на песните кои ѝ го пеев. Сите тоа време размислував дека тоа може да е мојата ќерка. Не сум доктор, но знам да прегрнам некого", рекол Ник.