Слушајте ги своите родители, бидејќи тие ви дале живот, обидете се да ја разберете нивната старост, бидејќи еден ден и вие ќе остарите…

Поучна приказна: Татко и син

Еден стар човек седел во дворот на својата куќа со синот кој тукушто завршил факултет.Наеднаш, еден гавран слетал на ѕидот.Таткото го прашал синот: “Што е тоа?“Синот одговорил: “Тоа е гавран.“

По извесно време таткото прашал повторно “Што е тоа?“

Синот одговорил: “Тоа е гавран.“

Поминале неколку минути, а таткото повторно прашал,по трет пат: “Што е тоа?“

Синот одговорил: “Татко, тукушто ти одговорив дека тоа е гавран.“

Не поминало многу време, а таткото пак запрашал:“Што е тоа?“

Овој пат на лицето на синот можело да се види малку гнев:“Татко ,тоа е гавран,гавран!“

Таткото повторно прашал: “Што е тоа?“

Овој пат синот одговорил со груб тон: “Татко, постојано прашуваш едно исто, иако постојано ти одговарам дека тоа е гавран.Зар не си во состојба да разбереш?“

Таткото стана и отиде до собата.Наскоро се врати носејќи со себе стара тетратка – дневник.Отварајќи ја страницата,му рече на синот да го прочита тоа што е на неа запишано.

Синот прочита:

“Денес мојот мал син седеше со мене во дворот кога долета гавран.Синчето дваесет и пет пати ме праша :“Што е тоа?“, и дваесетипет пати му одговорив дека тоа е гавран, нималку изнервиран.Тоа што го чувствував е љубов спрема мојот мал невин син.“

Тогаш таткото му ја објаснил разликата во ставот помеѓу татковците и синовите:

“Кога беше малечок,ми го постави ова прашање дваесет и пет пати ,и ниеднаш не бев изнервиран со твоето прашување,туку упорно ти одговарав.а кога јас тебе денес ти го поставив истото прашање,но повторувајќи го само пет пати,ти се изнервира, се налути и беше нестрплив со мене.“


Поука: Слушајте ги своите родители, бидејќи тие ви дале живот, обидете се да ја разберете нивната старост, бидејќи еден ден и вие ќе остарите…

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О