Компанијата ShelfPack го направила овој куфер на тркалца по замисла дека нема потреба да се отпакуваме кога ќе пристигнеме на посакуваната дестинација.
Се што ни е потребно е подобра организација на облеката, односно онаква организација каква што ја имаме и во гардероберот дома наместо непосакуваниот неред кој обично го имаме во обичните куфери.
Покрај тоа што куферот е составен од 4 полици, на едната страна има и 3 поголеми составни делови со патенти кои ви даваат дополнителен простор за пакување.
Куферот е во должина од 71cm, широчина од 47cm и височина од 36cm. При целосно подигнување на полиците достигнува височина од 107cm.