Истиот податок за приватниот живот на напаѓачот од Грац го објавиле и босанските медиуми, наведувајќи дека Ризвановиќ минатиот месец бил пријавен од својата сопруга за семејно насилство. Поради тоа, по одлуката на судот, тој не смеел да ѝ приоѓа на неа, ниту на нивните две мали деца, пренесува RTRS.

Австрискиот покраински гувернер, Херман Шицерхефер, го опишал Ален Ризвановиќ како "луд и осамен убиец". Според наводите на германски Spiegel, тој бил вознемирен што му се распаднал бракот.

Шицерхефер додал дека напаѓачот, кој бил уапсен кратко по злосторството, бил "ментално дезориентиран" и дека делувал сам.

Меѓу тројцата настрадани во походот на Ризвановиќ на улицата Херенгасе е ѝ 4-годишно дете, а шест лица сè уште се наоѓаат во тешка состојба, вклучувајќи и две деца. Покрај детето, настрадала и жена, која исто така се нашла на патот на напаѓачот.

Во нападот на Ризвановиќ повредени биле вкупно 34 лица. Граѓаните на Грац од завчера палат свеќи и оставаат пораки до семејствата на жртвите.

Напаѓачот не се спротивставил при апсењето, а властите сметаат дека не станува збор за терористички чин.

Ризвановиќ прво со џип влетал во масата луѓе, а потоа со нож ги напаѓал минувачите.