Ким Кардашијан и Кание Вест очекуваат момче

Ким Кардашијан пред неколку часа сподели дека е бремена со машко дете.


Во објавата на Instagram, 34-годишната ѕвезда од шоуто „Keeping Up with The Kardashians“ постави фотографија на која Кание Вест ѝ чита книга на малечката Норт Вест и напиша кратка порака во која го откри полот на бебето.

„Живеам за скапоцените моменти како овој, кога патувам заедно со вас. Ти ѝ си толку добар татко на Норт и ќе му бидеш најдобриот татко и на нашиот нов син“ – напиша Ким.


Ким ја објави веста за бременоста пред помалку од еден месец во кратко видео од шоуто „Keeping Up with The Kardashians“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О