Потрага: Човекот кој 11 години готвел за Клинтон и Буш, заминал во планина - и повеќе не се вратил

Поранешниот шеф на кујната на Белата куќа, 61-годишниот Волтер Шајб, последен пат бил виден пред 8 дена во Ново Мексико, по што му се губи секаква трага. Во потрагата се вклучени војници и хеликоптери.


Исчезнувањето на Шајб го пријавила неговата девојка, која за полицијата раскажала дека готвачот заминал на планинарење во близина на местото Таос Ски Вели во Ново Мексико, и не се вратил дома.


Американецот кој 11 години готвел за Бил Клинтон и Џорџ Буш, неодамна се преселил од Флорида во оваа југозападна држава и не ја познавал околината најдобро.


Полицијата во вторникот го пронашла неговиот автомобил на почетокот на популарната пешачка патека која води кон планините. Потрагата е тешка поради стрмниот терен и бујната вегетација.


Шајб во Белата куќа го довела Хилари Клинтон, кој била воодушевена кога пробала еден од неговите специјалитети. Бил задолжен за менито на официјалните вечери во Белата куќа.

Во неговите јадења уживале Борис Јелцин, Жак Ширак, Тони Блер и многу други.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О