Имала 203 килограми и животот ѝ бил загрозен, а сега е модел

На тинејџерката Бетани Чурчели (21) пред три години ѝ било дијагностицирано опсесивно-компулсивно пореметување во исхраната. Лекарите ѝ рекле дека ѝ остануваат само шест месеци живот, доколку не го промени режимот на исхрана.




Во 18-тата година имала 203 килограми. Многу брзо доживеала мини мозочен удар, па лекарите биле принудени итно да ѝ ја оперираат жолчната кеса. Од 14 години почнала „да ги таложи килограмите“, имајќи 115 килограми. Јадела само пакети чипс, пишува Daily Mail.


Откако ѝ вградиле бајпас во желудникот, нејзиниот живот почнал да се менува. Таа се „преполовила“, а во тој процес на слабеење на рацете и горниот дел од телото ѝ останала многу кожа која висела. Поголемиот дел од својот живот го поминала во јадење, за да побегне од проблемите, а храната ја правела среќна.


Сега има 100 килограми и работи како плус сајз модел. Покрај тоа, им помага на луѓето кои имаат опсесивно-компулсивно пореметување во исхраната.


„Не сакам да бидат како мене. Цело време им ја раскажувам мојата животна приказна и им ги спомнувам луѓето од мојот живот кои умреле поради прекумерна тежина“, вели Бетани.


Поради нејзината сегашна фигура, ѝ се зголемила самодовербата, па дури и нејзиниот љубовен живот се подобрил.

Бетани, со својот животен пример, сака да покаже дека барањето утеха во храната може да предизвика кобни последици, а човекот треба да јаде здрава храна, не само поради витката линија, туку и поради здравјето.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О