Нејзиното момче го елиминираше Надал и стана ѕвезда - а кога ќе ја видите неа, ќе останете без текст

Нејзиното момче оствари сензационален резултат на Вимблдон, но малку кој зборува за победата на Дастин Браун над повеќекратниот шампион Рафаел Надал. Тема број еден е неговата прекрасна девојка, Марта Дионе Гонзалес.

Марта има 33 години и се занимава со манекенство. Вниманието на светските медиуми го привлекла поради своето момче, тенисерот Дастин Браун. Ги споила токму љубовта кон тенисот. Марта и Дастин се запознале во тениски камп, каде заедно тренирале.




Иако никогаш не се занимавала со тенис професионално, љубовта кон овој спорт останала, па така денес таа е чест посетител на најголемите турнири во светот. Сега има и причина повеќе, а дека нивната љубов е сè посилна, покажуваат и зборовите за поддршка на социјалните мрежи.



Пред врската со Дастин, Марта била во брак со Џонатан Шапер. Од тој брак, манекенката има 12-годишна ќерка.


Инаку, покрај тенисот, Марта била заљубена и во науката, а доказ за тоа е дипломата по биологија.




ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О