Кристал Хефнер успеала да го освои најголемиот женкар во светот, славниот Хју Хефнер, и да стане "прва зајачица на Плејбој вилата".
Сопругата на сопственикот на "Playboy", на својот профил на Инстаграм, секојдневно објавува фотографии во бикини.
Исто како и другите манекенки и старлети, таа обожува да привлекува внимание со своето тело и облини, а изгледа дека на нејзиниот сопруг не му пречат провокативните пораки и понуди кои секојдневно пристигнуваат на социјалните мрежи.
Не минува ден, а Кристал да не објави барем една фотографија во бикини, а кој модел ѝ стои најдобро, тоа можете да го процените сами.