Русите имаа големи надежи кога Трамп беше избран за претседател на САД затоа што односите помеѓу Вашингтон и Москва за време на мандатот на Барак Обама паднаа на односите кои што двете земји ги имаа во времето на Студената војна.
Кремљ е незадоволен поради тоа што е во центарот на политичката бура во САД која што се заканува да го смени Доналд Трамп и го спречува да прави било какви договори со Русија, оценува „Блумберг“.
„Додека Вашингтон врие околу можното отповикување на претседателот откако специјалниот советник е именуван да ја истражи врската на Трамп со Русите, властите од Москва се загрижени дека тој тајкун кој стана политичар ќе биде толку обземен со политичката криза дома, така што нема да има шанса да изгради нормални односи со Путин“, пишува „Блумберг“.
Четири месеци после изборната победа која еуфорично беше дочекана во Москва, сега „неговата судбина е се понеизвесна“ сметаат политичарите од Кремљ. „Блумберг“ оценува дека јавното незадоволство во САД поради наводното мешање на Русија во американските претседателски избори го оневозможува Кремљ да постигне било каков договор со САД за клучните проблеми како што е војната во Сирија и укинувањето на санкциите.
„Надежта полека се гаси“, изјави Фјодор Лукјанов кој е на чело на Советот за надворешна и одбранбена политика, советодавно тело во Кремљ. Според неговата оценка, ќе биде „целосно невозможно“ да се направи било каков договор ако Трамп биде отповикан и биде заменет од потпретседателот Мајк Пенс кој е „многу конзервативен и прилично агресивен“ кон Русија.
Путин, кој најпрвин се шегуваше на сметка на „политичката шизофренија“ во Вашингтон, подоцна изјави дека случувањата во САД на почетокот го засмејувале, но денес „не се само тажни, туку и загрижени“.
Андреј Кортунов, директор на Советот за меѓународни односи, истражувачка група основана од Кремљ, изјави дека имајќи ја во предвид тешката ситуација во која што се наоѓа Трамп, нема поента да биде продолжен сериозниот дијалог.
Кортунов изјави дека стравот од отповикување на Трамп се зголемува и во Москва има луѓе кои што таа можност ја сфаќаат многу сериозно. Во Русија зајакнува чувството дека противниците на Трамп во политичкиот естабилишмент се одлучни да го сменат, истакна Олег Морозов од одборот на Горниот дом на парламентот за меѓународни работи.
„Војната против него ќе продолжи до последниот куршум“, изјави Морозов.
Трамп за време на претседателската кампања често го фалеше Владимир Путн, сугерирајќи дека можно е да ги укине американските санкции кон Русија кои што беа воведени после кризата во Украина и руската анексија на Крим. Путин и Трамп би можеле за прв пат да се сретнат на самитот на Г20 кој ќе се одржува во Германија на 7-ми и 8-ми јули.