Фотографии од Ким Кардашијан пред да стане многу славна

Ким Кардишијан се прослави со семејното реално шоу „Keeping Up With Kardashians“.
Денес 33 годишната ѕвезда е мајка на малата Норт Вест и заедно со свршеникот Кање Вест ужива во мајчинството.
Но, пред да се прослави Ким ја знаевме само како другарка на позната Парис Хилтон со која се појавуваше на забавите во Лос Анџелес.
Судејќи по фотографиите Ким тогаш негувала поинаков стил- тесните фустани кои ги истакнуваа облините беа нејзиниот најчест избор.

Иако тврди дека никогаш не направила пластична операција, на старите фотографии таа изгледа малку поинаку. Некои велат дека го има оперирано носот, а други пак велат дека се до квалитетот на сликата.
Сепак облините на Ким се надалеку познати. Откако направи домашно видео со тогашниот дечко Реј Џеј, Ким се прослави уште толку.
Подоцна позираше и за магазинот „Плејбој“, снимаше емисии, отвори модна компанија позната ако „Dash“ и лансираше козметички прозизводи.
Кој знае што уште планира да ни приреди?!

Фото: Еве како изгледаше Ким Кардашијан порано



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О