По 18 години, „Јаху“ го смени логото

Американската компанија „Јаху“ го претстави новото лого, што е прва промена на знакот од основањето на компанијата пред 18 години
Новиот заштитен знак има потенки букви, но е задржана неговата карактеристична лилава боја и извичникот на крајот од логото, пренесува агенцијата Франс прес.
- Сакавме лого кое ќе остане верно на нашите почетоци, но и лого кое ќе ја прифати еволуцијата на нашите производи – изјави директорката на маркетинг на компанијата, Кети Савит.
Според зборовите на Савит, логото на „Јаху“ е редизајнирано за да може што подобро да го изрази целите на компанијата под раководство на новата извршна директорка Мариса Мајер.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О