Најчести се урбанистичките, проблемот со невработеноста, легализацијата, узурпирањето на јавен простор.
Жителите на Центар апелираат до градоначалникот Жерновски, да го запре лудилото со „Скопје 2014". Особено беше потенциран проблемот со пренаменување на трговски во угостителски објекти и правење барокни фасади на улицата Никола Вапцаров, сквер кој стана пример за тоа како не се води грижа за жителите на околните згради од страна на бројните угостители.
Специфични се проблемите на луѓе кои во семејството имаат деца со инвалидитет.
Една мајка искажа голема благодарност до Жерновски, бидејќи за прв пат по 22 години е примена од градоначалник. Нејзиниот проблем под итно ќе биде решен.