Шокантна видео снимка денеска ја открија вистинската мера на уништувањето на трговскиот центар во Најроби за време на четиридневната битка меѓу кенијската војска и исламските милитанти.
Снимката покажува голема дупка на местото на трговскиот центар откако се срушија трите ката.
Кенијските војници пукале со ракетни минофрлачи во внатрешноста на комплексот за да ги ослободат последните заложници.
Колапсот се случи во понеделникот кога владините трупи отпочнаа масовен напад врз милитантите во трговскиот центар каде се верува дека се убиени дури 150 луѓе.