Џенис Кеиханаикукауакахихулихеекахаунаеле, која го носи
презимето на покојниот сопруг, никогаш не посакала да го скрати или да го врати
моминското презиме, Ворт.
- Ја сакам полинезиската култура која ја прифатив кога се
омажив во Хаваи. Го обожувам своето хавајско презиме, вели Џенис.
Долги години на возачката дозвола и личната карта нејзиното
презиме беше скратено за една буква, или поради недостиг на простор, нејзиното
име беше изоставено.
Откако својот проблем го изнесе во медиумите, властите одлучија
да воведат документи на кои максимумот букви за име и презиме ќе се зголеми на
40.