Доаѓаат уште Македонци за мечот со БиХ, а ако одиме во Љубљана, тогаш „Фалангата“ ќе брои преку 5.000

Кога Македонија победува тогаш владее вистинска еуфорија, а одамна не се случило во еден ден, две наши селекции, и фудбалската и кошаркарската, да слават големи триумфи. Тоа се вика совршен ден, а победите мотивираа многу наши навивачи да се подготват за пат кон Јесенице. Нови фанови од нашата земја се најавени дека ќе пристигнат во Јесенице во текот на утрешниот ден, за да ги бодрат Антиќ и соиграчите во двете решавачки средби за пласман во втората фаза од Евробаскет, мечевите против Босна и Херцеговина и против Летонија.

„Овде во Јесенице не има околу 2.000 македонски фанови, голем дел од Македонија, но и има и такви кои студираат и работат во Словенија, каков што е мојот случај. Знам дека за мечот со БиХ ќе дојдат уште многу други навивачи од Македонија, ме информираа моите пријатели, кои исто така ќе се упатат кон Словенија. А, доколку се пласираме во следната фаза, во што не се сомневам, тогаш во Љубљана можеме да очекуваме да не има и повеќе од 5.000 Македонци. Па, само 4.000 студенти од Македонија студираат во Словенија, во Љубљана и во Марибор“, вели Марко, кој веќе две години студира во Љубљана, а дојде да навива за својата репрезентација, во Јесенице.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О