Босанците со респект: Македонија има одличен тим, но ние ќе се бориме до крај

Македонската спортска јавност е полна со оптимизам по големиот триумф над Србија, но истото е случај и со Босна и Херцеговина, откако оваа селекција во третиот меч стигна до својата прва победа, над репрезентацијата на Црна Гора. Со самото тоа БиХ си ги задржа шансите за пласман во втората фаза, па утрешниот меч ќе биде „да се биде или не“ и за двете репрезентации. Босанските кошаркари сепак улогата на фаворит му ја препуштат на нашиот национален тим, во обид така да извршат каков-таков притисок врз избраниците на Алеш Пипан.

„Македонија има многу добра екипа, тоа се докажа и на натпреварот против Србија. Ќе биде многу тешко, но наше е да се бориме, да го дадеме максимумот и да ја играме сопствената игра. Наша предност е што имаме побрза репрезентација од нив и ако влеземе во посакуваниот ритам, можеме да ги победиме“ - изјави најдобриот кошаркар на БиХ, Мирза Телетовиќ.


Сличен е ставот и на центарот на Босанците, Елмедин Кикановиќ, кој не смета дека отсуството на Ѓорѓи Чековски ќе ја олесни задачата на високите босански кошаркари.

„Не смее да се заборави дека истата оваа репрезентација на последното Европско Првенство за малку ќе стигнеше до бронзениот медал, што е доказ дека станува збор за многу сериозен противник. Србите ги совладаа со голема леснотија и сигурно ќе бидат полни со самодоверба на мечот со нас, но добро е што и ние славевме над Црна Гора. Не сакаме да ни се повтори мечот од пред две години во Литванија, кога загубивме од Македонците иако триумф на тој меч можеше да не одведе во четвртфиналето. Можеби го немаат Чековски, кој бепе одличен на турнирот во Германија, но Македонците во своите редови имаат голем број на квалитетни кошаркари“ - порача Кикановиќ.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О