Настапот кој го шокираше светот всушност бил многу полош

Н
астапот на Мајли Сајрус на сцената на доделувањата на MTV Video Music Awards одржан пред повеќе од еден месец сеуште е тема број еден во музичките кругови.

Но, Мајли сега откри многу повеќе.

Иако со својот настап на доделувањата на овие награди згрози многумина, Мајли откри дека нејзиниот настап бил многу повеќе „пикантен“, но MTV успеале во текот на емитувањето да ги исфрлат тие делови за гледачите да не ги видат.

„Се обидов Робин да го удрам по задникот, но никој не забележи. Верувајте ми – MTV исфрли многу од мојот настап“, изјавила Мајли за списанието Fashion.

„Исекоа скоро се што направив“.
Мајли изјавила дека е горда на својот настап, но дека моментално не е задоволна од состојбата на музичката сцена во светот.

„Се чини како музичката индустрија моментално стои. Точно може да предвидам кој од изведувачите што ќе направи на сцената таа вечер. А, реакциите на она што го изведов се потполно луди. Мислам дека мојот настап даде доза на освежување“, рекла Мајли.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О