Дизајн и екран
Новиот Ascend P6 е најимпресивниот телефон досега изработен од Huawei, во поглед на дизајнот, користените материјали и квалитетот. Huawei Ascend P6 е супер тенок со неверојатни 6.18 милиметри, а за неговата прецизна изработка се користени високо-квалитетни материјали стакло и метал со карактеристични остри рабови.
Софтвер и кориснички интерфејс
Ascend P6 работи на оперативниот систем Android 4.2.2 Jelly Bean, додека пак Huawei го има применeто својот најнов кориснички интерфејс Emotion UI. Инспириран од луѓето, Huawei собра податоци од над 5 милиони корисници ширум светот кои помогнаа да се оптимизира последната верзија на Emotion UI. Тој вклучува низа подобрувања на Uni-Home, вклучувајќи зголемена безбедност, Huawei Me Widget, MagicTouch и SmartReading.
Хардвер
Huawei Ascend P6 има солиден хардвер, составен од сопствено развиениот Hi-Silicon K3V2E четири-јадрен процесор со брзина од 1.5 GHz, 2 GB RAM и 8 GB интерна меморија со можност за надополнување преку microSD мемориска картичка до 32 GB. Напредните опции Automated Discontinuous Reception (ADRX) и Quick Power Control (QPC) со батеријата од 2000 mAh овозможуваат оптимизација и зачувување на енергијата и ги подобруваат перформансите за повеќе од 30%, во споредба со батериите на паметните телефони со иста големина.
Камера
Особено се истакнува предната камера од 5 мегапиксели што овозможува исклучително висок квалитет на авто портретите и видео повиците, што е голема реткост кај врвните смартфони кои обично не посветуваат големо внимание на предната камера. Главната камера пак, од 8 мегапиксели има автофокус и снима видеа во FULL HD резолуција, a нуди и можност за макро-фотографирање (фотографирање од блиску) што значи дека може да се овековечи секој предмет без разлика на неговата големина.
Неодамна, Huawei Ascend P6 ја доби престижната награда - најдобар мобилен телефон во категоријата „паметен телефон за корисници“ од страна на Европската асоцијација за слика и звук. Според зборовите на EISA судиите, Huawei Ascend P6 е изненадувачки добро опремен паметен телефон, по многу атрактивна цена. Судиското жири за награди на асоцијацијата EISA го сочинуваат уредници на 50 магазини за електронски уреди од 19 европски земји.
Huawei Ascend P6 достапен во три бои: бела, црна и розева
Huawei Ascend P6 ќе биде достапен во Македонија исклучиво во продавниците на Т-Мобиле, на почетокот на месец октомври 2013 година во црна, бела и розева боја со футроли во соодветни бои. Сите заинтересирани корисници за овој телефон, ќе можат да ја искористат можноста да го купат истиот со попуст од 10 %, доколку се регистрираат на www.t-mobile.com.mk или пак да подигнат ваучер во некоја од најблиските Телеком продавници во периодот од 26.09.13 – 09.10.13. Искористувањето на попустот е во период од пристигнувањето 01.10.2013 до 31.10.2013.