Прогласувањето на македонската независност беше пример за регионот

Како да било вчера, првиот претседател на Собранието во независна Македонија, Стојан Андов, се сеќава на прогласувањето на македонската самостојност, и од денешен аспект препознава каде се грешките во изминатите години.
"Сериозна грешка беше што не ги уваживме доволно ставовите на малцинствата и на референдум отидовме со можност пак, и како независна држава, да бидеме во Југославија."
Референдумот, самостојноста, кревката економија, приемот во ОН, конфликтот во 2001 година, спорот со Грција се само дел од настаните што ги одбележаа изминативе 22 години. Плоштадот ЌМакедонија" изманитиве години беше центар на сите политички победи и државни успеси, а за прв пат плоштадот Карпошово востаниее ќе ги собере граѓаните за годинава да го прослават роденденот на татковината.

На тој ден, во предвечерието на распадотот на тогашната СФРЈ, македонскиот народ излезе на Референдум и на најдемократски начин ја изгласа својата независност со мнозинство - 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумското прашање: "Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?".
Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранито на Република Македонија.
Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Мнозинскиот дел од албанската етничка заедница го бојкотираше референдумот, а пратениците Албанци во Собранието не го поддржаа новиот устав.
Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.
Mакедонија беше меѓу четирите од шесте поранешни југословенски републики заедно со Словенија, Хрватска и БиХ кои позитивно се изјаснија по Декларацијата.
Иако само Македонија и Словенија добија позитивни оценки од специјално формираната Бадинтерова комисија дека ги задоволуваат условите за стекнување независност, Европската заедница во средината на јануари, 1992 година, ги призна само Словенија и Хрватска.
Во тој период, поточно на 15 јануари 1992 година, Република Бугарија беше првата држава што ја призна државноста на Македонија. Следуваа одлуките за воспоставување дипломатски односи од страна на Турција, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.


Во изминатите 22 години самостојно живеење македонската држава мина низ низа проблеми и тешкотии, се соочи со предизвици, славеше убави денови. Трицифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата држава што го забавија нејзиниот пат кон остварувањето на стратегиските цели - зацврстување на демократијата, економски развој и интеграција во евроатлантските структури.

Последниве години ги одбележа отежнатиот политички дијалог, прилагодувањето на законодавството кон легислативата на Европската унија, децентрализација на власта, реформите во одбраната потребни за членство во НАТО. Павле Трајанов вели на 8 септември
1991 година се оствариле вековните стремежи на генерации Македонци.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О