Груевски: Двојно зголемување на надоместок за самохрани родители за деца со посебни потреби


Mесечниот надоместок за самохрани родители за деца со посебни потреби, кој досега изнесуваше 4.200 денари, се зголемува за околу 50 проценти и од јануари идната година ќе биде околу 6.400.

denari.jpg-500
Ова денеска го изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на прашања во Миравци по обиколка на градежните активности на новата делница од автопатот Демир Капија - Смоквица.
Новината поминала на владина седница и сега на потег е Министерството за труд и социјална политика кое треба да изготви измени на Законот кои по владина процедура ќе одат на Парламент и од јануари следната година ќе треба да се исплатува новиот надоместок.
- Пари за оваа намена се предвидени во буџетот, а целта е да им се помогне на самохраните родители кои имаат деца со посебни потреби, рече премиерот Никола Груевски.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О