ФОТО: Пробиен тунелот од делницата Демир Капија-Смоквица

Премиерот Никола Груевски денеска по обиколката изрази задоволство од досегашната реализација на изградбата на делницата Демир Капија-Смоквица од коридорот 10 на автопатот “Александар Македонски”, долга 28 километри, чија вредност изнесува околу 210 милиони евра.

tunel500
 - Тунелот е пробиен и сега се доработува во него. Пробиена е и голем дел од трасата. Се работи со силно темпо и засега нема некои посебни проблеми. Финансиската конструкција е заокружена и не очекуваме проблеми. Задоволни сме од темпото на изградба оти е најважно да не се доцни, за да не се изгубат дел од средствата. Импресиониран сум од градбата на трасата, изјави Груевски за медиумите.
tunel1500
Тој додаде дека околу 420 возила се вклучени во работите, се работи според утврдената динамика и се очекува работите да завршат како што е предвидено во 2016 година.
tunel2-500
Премиерот Груевски денеска ја посети и лабораторијата при универзитетот “Свети Климент Охридски” во Битола, а која што е сместена на Битолската клиника. Станува збор за најсофистицирана лабораторија во регионот, која вреди речиси половина милион евра. Покрај Универзитетот и клиниката ќе ја користат и од приватниот, но и оддржавниот сектор. Опремата е во фаза на тестирање, за два до три месеца ќе ја добие акредитацијата и ќе почне со работа, појасни премиерот.
pat500
Тој во текот на денот го посети и селото Долно Српци каде пред неколку месеци изгоре училиштето. Најави дека изградбата на новиот училишен објект за учениците кои сега учат во импровизирани училници, треба да почне во април или порано, а следната есен би требало да биде комплетно готов. 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О