Кога станува збор за сексуалните желби и фантазии,
човечкиот ум не знае за граници. Но, порнографија со диносауруси?! Секс
со тираносауруси?! Зоофилија со праисториски битија?!
После светскиот успех на еротскиот роман „Педесет нијанси на сиво“
станало очигледно дека тој дел на пазарот не е доволно експлоатиран, а
дека е прилично профитабилен. Меѓутоа, примерот на две девојки од Тексас
покажува дека постои уште простор за успех.Скриени под книжевните псевдоними Алара Бранјун и Кристи Симс, девојките од околу 20-тина години, предизвикаа огромно внимание на медиумите. Истражувајќи го тоа подрачје, тие наишле на многу популарен подвид на еротска книжевност со чудовишта, која помеѓу останатото, вклучува и секс со врколаци.
„Мојот перверзен ум веднаш се фрли на работа и замислив како би било тоа диносаурусите да имаат секс со жени. Умрев од смеење. Веќе бев подготвена да ги отфрлам тие мисли кои се производ на мојот изопачен ум, но тогаш доживеав откровение – диносаурус еротиката е нешто ново што уште не сум го пробала“ – открила една од писателките за Њујорк магазин.
Девојките досега напишале повеќе од 200 еротски приказни. А дека луѓето доста се „палат“ на оваа порнографија зборува и тоа дека тие две од своите приказни заработуваат многу повеќе отколку што заедно заработуваат нивните двајца пријатели кои веќе пет години работат како сметководител и инженер за Боинг.