Паметниот телефон на „Google“, „Nexus 5“ би требало да се појави за помалку од две недели.
„Nexus 5“ ќе го произведува „LG“, а за него се знае дека нема да
има дополнителна меморија, дека ќе се полни безжично и дека ќе работи на
оперативниот систем „Аndroid Kitket“. Аналитичарите очекуваат дека ова
ќе биде најмоќниот телефон на пазарот, со дури 3 GB работна меморија.Официјални податоци за спецификациите сѐ уште нема, но како и многу пати до сега, сепак се дознаа некои податоци. Телефонот нема да има можност да добие проширување на меморијата, но доаѓа во две или три верзии, со 16, 32 и 64 GB.
Бидејќи овој модел ќе го произведува „LG“, производителот веројатно ќе се води по пример на актуелниот модел „G2“ кој одлично се покажа на многу тестирања на хардверот, а има и многу моќна батерија, така што не би било чудно овие спецификации да ги има и новиот „Nexus“.
Телефонот веројатно ќе има и камера од 13 мегапиксели, а од останатите „неофицијални“ спецификации се набројува и „qualcomm snapdragon 800“ процесор кој ќе работи на 2,3 гигахерци. Доколку претпоставките излезат вистинити, „Nexus 5“ ќе биде убедливо најмоќниот телефон на пазарот.
За дополнително да се издвои од конкуренцијата, „Nexus 5“ ќе има и можност за безжично полнење, со новиот NFC чип.
Според проценките на аналитичарите, цената ќе се движи од 499 долари па нагоре, а продажбата ќе започне кон крајот на овој месец.