Медениот месец им трае веќе шест години: Еден фустан, 24 земји и многу авантури

Одлучувајќи никогаш да не му стават крај на својот магичен меден месец, овој неверојатен пар го воодушеви светот.

Имено, Џеф и Џенифер Солвиџ веќе шест години патуваат ширум светот, прославувајќи го медениот месец. Тие двајца работат во училиште, а летните распусти ги користат за патување затоа што се решени нивниот меден месец никогаш да не заврши.

Четириесет и седумгодишниот Џеф и четири години помладата Џенифер од Њу Џерси ја споиле својата љубов кон патувањето со романтиката и преку својот фотоапарат забележале огромен број на прекрасни моменти од патувањата.

Од нивната свадба па се досега, тие поминале повеќе од 300.000 километри, а Џенифер на сите патувања со себе ја носи и венчаницата и се претставува како невеста. Во 24-те земји во кои досега биле, тие се фотографирале на егзотични локации и во необични ситуации.

 


Со својот фотоапарат, Џеф досега направил 205 фотографии, а нивната необична авантура започнала пред шест години во 2008 година. Пред две години нивната приказна стигнала и до медиумите, но тие ниту тогаш не застанале.

Неодамна посетиле уште пет земји од својата листа: Австралија, Јордан, Тајланд, Камбоџа и Сингапур. На дел од фотографиите може да се види како Џенифер нурка покрај Големиот корален гребен, како јава на камила во Јордан и како плива во Мртвото море, притоа секаде носејќи ја својата венчаница.

 


“Венчаницата и понатаму изгледа ново, а ја носиме секаде со нас. Поминав низ кал и снег, низ вода, па затоа беше на многу хемиски чистења. Луѓето често не прашуваат колку сме платиле за хемиско чистење“, вели Џенифер.

“Бевме убедени дека венчаницата ќе се уништи во Јордан поради високите температури, песокот и лошата вода во Мртвото море, но по хемиското чистење, истата беше како нова”, изјавил Џеф, кој воедно е и професионален фотограф. 



Кога не патуваат, Џеф и Џенифер работат во училиште – Џенифер е советничка, а Џеф е професор по информатика. На тој начин тие двајцата имаат време во текот на летниот распуст да патуваат.

Џеф и Џенифер се венчале на Велигденските остров во 2008 година и оттогаш посетиле 24 држави: Чиле, Швајцарија, Кина, Египет, Нов Зеланд, Франција, Италија, Перу, Норвешка, Јамајка и многу други.

 


Нивните најнови авантури се овековечени и во книгата ”When It Clicks”, која што е продолжение на нивните свадбени мемоари насловени како ”When it Clicks – One Woman's Journey”.




















ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О