Нема да оди во затвор - само затоа што на социјалните мрежи има 6,5 милиони пријатели

35-годишниот Дан Билзериан, американски покер играч, актер, интернет плејбој и милионер, нема да оди во затвор. Тој предизвикал експлозија и помал пожар, поради што му се заканувале 12 години затвор.

35-годишниот Дан Билзериан, американски покер играч, актер, интернет плејбој и милионер, избегнал затворска казна, бидејќи на Инстаграм го "следат" дури 6,5 милиони луѓе.

Кон крајот на минатата години била објавена снимка на која се гледа како Дан удира жена во лице. Исто така, истата седмица бил уапсен на аеродромот во Лос Анџелес заедно со 36-годишниот Џереми Гајмон, за подметнување на експлозија која предизвикала мал шумски пожар во Лас Вегас, пишува AP.


Се договорил: Профилот на Инстаграм ќе го користи за други цели - Но, минатата седмица, иако му се заканувала казна од дури 12 години затвор, тој го признал злосторството и бил ослободен откако платил 17.000 долари. Но, како дел од договорот, Дан ќе мора својот профил на Инстаграм да го користи во малку поинакви цели. На Инстаграм досега објавувал фотографии од себе и разголени убавици и разно оружје. Се фалел со своето богатство, односно позирал со пари, авиони, хеликоптери, а објавувал и фотографии од своите скапи автомобили.


Сепак, повторно објавува по старо - Според договорот со судијата, сега тој би требало да објавува јавни пораки на администрацијата на министерството за внатрешни работи, како предупредување за останатите да не го прават тоа што тој го направил. Сепак, изгледа дека не е временски ограничен, бидејќи на Инстаграм сè уште објавува фотографии од убавици, пари и оружје.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О