Убиена српска манекенка во САД: Пронајдена мртва во стан, застрелани и нејзиното момче и цимерот!

Покрај 19-годишната Мирјана Пухар, убиени биле и 23-годишниот Џонатан Алварадо и 21-годишниот Хусмар Гонсага Гарсија. Полицијата по неколкучасовната потрага го уапсила 19-годишниот Емануел Хесус Реџело, кој е главен осомничен за ова тројно убиство.

Во американскиот град Шарлот била убиена државјанката на Србија, 19-годишната Мирјана Пухар, учесничка на натпреварувањето "America's next top model".



Полицијата по неколкучасовната потрага го уапсила 19-годишниот Емануел Хесус Реџело, кој е осомничен за тројното убиство, јавуваат американските медиуми.



Покрај Пухар, убиени биле и 23-годишниот Џонатан Алварадо и 21-годишниот Хусмар Гонсага Гарсија. Полицијата била повикана веднаш откако се слушнале истрели од станот, пишува Fox News.


Според TMZ, кој се повикува на анонимен извор близок на Пухар, нејзин пријател ги пронашол телата на Пухар и на нејзиното момче, додека не ја видел третата жртва.


Изворите од полицијата рекле дека според резултатите на прелиминарната истрага, полицијата верува дека убиствата се поврзани со дрога и дека жртвите го познавале убиецот.


Пухар е родена во Сремска Митровица, а потоа со родителите се преселила во САД.


Таа во САД се занимавала со манекенство, а била учесничка на 21-то издание на натпреварувањето "American's next top model".

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О