(ВИДЕО) Груевски е нелигитимен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, мандатот му е истечен на 6 март!
Во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М телевизија, Самоил Малчевски рече дека Груевски е нелигитимен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи мандатот му е истечен на 6 март.
Тој го спомена членот 20 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ каде јасно стои оваа одредба. Истот член погледнете го во продолжение.
Од интернет архивите може да се потврди дека тоа што го зборува Малчевски е точно, односно дека 14-тиот Конгрес на партијата бил на 5 и 6 март 2011 година, а Груевски бил реизбран за претседател на вториот ден, односно на 6 март.
Неофицијално, следниот Конгрес е планирано да се одржи во мај во Куманово.