Во недела во 12 часот марш за ослободување на МРТВ

Да се собереме сите заедно во НЕДЕЛА (15.03.2015), и со мирен марш да отидеме пред Македонската радио телевизија и да ја ослободиме. Се тргнува од споменикот на “Бранителите” спроти собранието (во Жена парк), а крајна дестинација ќе биде МРТ.

Повикувам на мирно и достоинствено изразување на незадоволството со политиките на телевизијата, која веќе подолго време непристојно ги цензурира сите непријатели на владеачката елита.

Повикувам на натпартиски и надетнички протест, без никакви партиски или етнички обележја. Известувањето на МРТ е еднакво штетно за сите граѓани, без оглед на партијата на која и припаѓаат, без оглед на нивната етничка припадност, верска определба или социјален статус.

Ги повикувам сите граѓани на Република Македонија! Работници, студенти, земјоделци, невработени граѓани! Ова е наша заедничка борба!

Генерал Стојанче Ангелов
marsh_mrtv

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О