Хокинг: Човештвото нема да опстане на Земјата во следните 1000 години

Светски познатиот физичар Стивен Хокинг беше дел од првото научно предавање во Операта во Сиднеј каде се појави во вид на 3Д холограм, предупредувајќи дека човештвото нема да опстане во следните 1000 години на Земјата.

Со помош на две камери и Cisco Telepresence холографска технологија Хокинг од својата канцеларија на Универзитетот Кембриџ во Велика Британија се појави како холограм во Сиднеј и Сан Хозе истовремено.

На предавањето тој зборуваше за својот живот, проучувањето на космосот, но и одговараше на различни прашања. Така, на прашањето на еден тинејџерка за тоа што мисли тој за заминувањето на Зејн Малик од групата Уан Дајрекшн, тој одговори дека „конечно добил прашање за навистина важна работа“.

„Ги советувам сите млади девојки на кои неговото заминување им ги скрши срцата да се посветат на проучување на теоретската физика. Еден ден можеби ќе пронајдат докази за постоење на паралелни универзуми, а во тој случај би било можно негде надвор од нашиот космос да постои оној во кој Зејн и понатаму е во Уан Дајрекшн“, се пошегува Хокинг.

Запрашан за теми околу религијата, односно за тоа дали верува дека постои натприродно божествено суштество кое го создало универзумот, тој одговори дека не верува.

„А, што правел Бог пред да го создаде универзумот? Создавал пекол за луѓето кои го поставуваат тоа прашање“, повторно се пошегувал Хокинг.

Но, кога станува збор за неговото мислење за иднината, тој нема баш оптимистична визија.

„Мора да продолжиме со истражувањата во вселената кога станува збор за иднината на човештвото. Мислам дека нема да преживееме илјада години на Земјата, која што е многу ранлива“, објаснува тој.

Предавањето го заврши цитирајќи го капетанот Кирк од Star Trek: „Телепортирај ме Скоти“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О