Девојче е прегазено вечерва на булеварот Партизански одреди кај Универзалната сала.
Несреќата се случила околу 20 часот и 30 минути.
На местото на несреќата веднаш пристигнала екипа на Брза помош, меѓутоа тие само констатирале смрт од силниот удар при кој девојчето одлетало неколку метри и паднало на асфалтот.
Според неофицијални информации, девојчето ја преминувало улицата кога на неа налетало возило марка Хонда кое се движело со огромна брзина. Возачот избегал од местото на несреќата.
Полицијата врши увид на лице место, а сообраќајот е блокиран и се одвива низ споредните улици.