За само 10 минути: Твитот кој на компанијата ѝ донел милијарда евра!

Иако твитот на Илон Маск, сопственик на компанијата "Tesla Motors", дошол до 1,86 милиони негови следбеници, влијанието кое го предизвикал било многу поголемо.








Еден единствен твит од 115 карактери, за само 10 минути ја кренал вредноста на компанијата "Tesla Motors" за дури 900 милиони евра. Сигурно се прашувате што пишувало во него, кога за толку кратко време драстично се зголемила вредноста на оваа компанија.

"Голема нова линија на "Tesla" производи - не се автомобили - ќе бидат претставени во нашето Студио Хотрон на 30-ти април", напишал Илон Маск, сопственик на "Tesla Motors".


Иако твитот на Илон Маск, сопственик на компанијата "Tesla Motors", дошол до 1,86 милиони негови следбеници , влијанието кое го предизвикал било многу поголемо. Неговата порака била "ре-твитувана" повеќе од 4.700 пати, и означена како омилена уште 3.700 пати.

Многумина претпоставуваат дека кон крајот на април, "Tesla Motors" ќе ја претстават долго најавуваната батерија, а некои се сомневаат дека станува збор за електричен моторцикл.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О