И Бијонсе сподели фотографии од свадбениот албум на мајка си.
Свадбените фотографии на мајката на Бијонсе
Тина Ноулс стапи во брак со Ричард Лосон на голема јахта на 12 април. Фотографиите од луксузната прослава на 61-годишната мајка на Бијонсе и 68-годишниот актер беа објавени од списанието „People“.
Среќната невеста за големиот ден избра креација од Ромона Кевеза. Сите присутни носеа бела облека (традиција која започнала со свадбата на Бијонсе). „Бијонсе го започна тоа, а потоа Кели и Соланж имаа бели свадби. Си помислив да го зачуваме тоа во семејството. Елегантно е, а белата боја ја претставува чистотата на љубовта“ – објаснила Тина.
На фотографиите може да се видат Бијонсе, Џеј Зи и ќеркичката Блу Ајви, Соланж Ноулс со својот сопруг Ален и синот Даниел, Кели Роланд, како и ќерката и синот на зетот, Бјанка и Ричард II.
Тина се разведе од таткото на Бијонсе во 2011 година и се сомневала дека повторно ќе најде некој специјален. „Имаше моменти кога се сомневав дека ќе најдам нова љубов. Но, бев решена да бидам среќна... Двајцата сакаме да патуваме, двајцата сакаме да танцуваме, сакаме уметност и имаме многу заедничко, па чувствувам дека ќе имаме навистина среќен живот“ – признала Тина.
И Бијонсе сподели фотографии од свадбениот албум на мајка си.
И Бијонсе сподели фотографии од свадбениот албум на мајка си.
ТОП10 ОК ?
1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О