Целиот свет зборува за имигрантката спасена од бродот во Грција, но кој е нејзиниот херој од фотографијата?

Фотографијата на која Гркот ја спасува имигрантката на островот Родос, го обиколила светот. На неа на моќен начин е прикажан очајот и борбата за преживување, како и хуманоста и несебичното давање на помош од друго човечко суштество.

Иако во центарот на светското внимание била приказната за имигрантката Вегаси Небијат, 24-годишната девојка од фотографијата, многумина прашале и кој е корпулентниот, храбар Грк од фотографијата.

Станува збор за војникот Адонис Делијоргис, 34-годишен маж кој сосема случајно се нашол на местото на несреќата.

"Беше околу 8 часот наутро. Седевме со сопругата и пиевме кафе во еден ресторан покрај морето. Наеднаш, забележав брод кој за неколку минути целосно се распадна, како да е од хартија. Многу брзо, до брегот пристигна итна помош, крајбрежната стража и хеликоптери, а дојдоа и рибари со своите чамци на помош. Не размислував ниту миг и за неколку секунди се соблеков и влегов во водата", вели овој херој.



Делијоргис сам спасил 20 мигранти, но како што вели, воопшто не било лесно.

"Водата беше полна со масло од бродот, а карпите станаа ужасно лизгави. Неколку пати се пресеков на рацете и нозете, но единственото нешто на кое мислев беше да ги спасам тие луѓе", додава тој.

Во хаосот за време на спасувањето, тој не се сеќава колку луѓе пренел до брегот. Но, еден маж засекогаш ќе му остане во сеќавањето.

"Единствено се сеќавам на еден маж од околу 40 години, кој почина. Цело време паничеше и велеше дека се гуши и дека не може да дише. Се обидов да му помогнам, но безуспешно. Сите кои можеа, некако се држеа до бродот. Никогаш не сум видел толку страв на човечки лица", раскажал Адонис.


На овој храбар маж најмногу му помогнале техниките и вештините за преживување кои ги научил во војска. Сепак, брановите станувале поголеми, и ги отежнувале неговите обиди да спаси повеќе луѓе.

"Бев околу 20 минути во водата, кога видов девојка како се држи за бродот. Не можеше да дише. Иако ми помагаа луѓето од крајбрежната стража, ми беше еднакво тешко да ја извлечам од водата. На крајот инстинктивно ја префрлив преку грб и ја пренесов до брегот", вели овој Грк.

Покрај оваа девојка, Адонис спасувал и жена која неколку часа подоцна родила здраво дете во болница на Родос. Од благодарност, таа на својот син му го дала името Адонис, по својот херој спасител.



Иако херојскиот чин на Делијоргос ја воодушевил нацијата, тој не е единствен кој им помагал на несреќните имигранти. Цела седмица во Грција се зборува за помошта која жителите на Родос им ја дале на луѓето преку облека и храна.

"Тоа не е ништо херојско. Тоа е моја должност како човек, како маж. Никогаш нема да го избришам од мислите изразот на лицето на Вегаси, кога ја извлеков од водата. Никогаш...", заклучил храбриот маж.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О