Во оваа жена гледа целиот свет: Таа има седум почесни докторати и беспрекорен стил

Елеганцијата, стилот и софистицираноста имаат и едно поинакво име, а тоа гласи Шеика Моза бин Насер. Сопругата на катарскиот емир, и една од неговите три жени, ја заслужува секоја минута внимание од светските медиуми. Еве и поради што.

Таа стана сопруга на катарскиот емир во 1977-мата година кога имала 18 години. Во тоа време била студент на Универзитетот во Катар, а називот дипломиран социолог го добила девет години после стапувањето во брак. Втората по ред сопруга на Емирот од Катар е една од неговите три жени, но со своето образование, амбициии и својата безвременска убавина таа се истакнала како број еден во животот на еден од најбогатите луѓе во светот. Таа е љубовта на Емирот, жената која е заслужна за модернизацијата на Катар и е една од ретките која изгледа како да е токму родена за таа "улога".



Но, Шеика Мозах е многу повеќе од безвременска убавица, стилска икона и мајка на престолонаследник. Таа е активно вклучена и во работата на катарската влада, го придружува Емирот на речиси сите службени посети ширум светот и активно е вклучена и во работата на бројни организации.

Моза знаењето одлично го применува во пракса, таа е активна во многу организации, како што е на пример Арапската демократска заедница и Организацијата за образование, наука и развој на заедницата, но и различни програми за помош на децата.

Значајна е и нејзината работа во "Фондацијата Катар", со која управува нејзиниот сопруг, која го изгради "Градот на образованието" во Доха, и со тоа во Катар ги донесе американските факултети.


Во Газа, Моза поттикна изградба на низа од образовни институции, а нејзината работа ја довела до тоа таа жена да поседува дури седум почесни докторати.

Светската јавност ја привлекува со својот беспрекорен стил, но и став, кој секогаш јасно го изнесува држејќи говори во водечките политички и општествени институции.


За неа велат дека е најголема љубов на шеикот Хамад бин Калифа ал-Тани, а нивниот син Тамим бин Хамад ал-Тани, иако не е првородено дете на катарскиот владетел, е прогласен за престолонаследник и ја носи титулата сегашен емир.

Стил кој потсетува на Холивудскиот гламур



За стилот на првата дама на Катар своето го кажаа и "Vogue" кој ја смести во петте најдобро облечени жени на светот. "Vanity fair" ја прогласи за најдобро облечена дама со сина крв, а за Џулијен Мекдоналд таа е втората Џеки Кенеди. Кога Шеика Мозах е во околината, секогаш може да очекувате гламур, стил и софистицираност, без ниту најмало отстапување.

Моза е една од ретките дами која цели 365 дена се облекува во парчиња од високата мода кои ги носат потписите на Chanel, Givenchy, Dior, Valentino како дел нејзините омилени модни куќи.



Нејзиното величество купува парчиња кои чинат помеѓу 20 и 30 илјади долари, а специјално дизајнираната облека за неа достига цена и до 100.000 долари. Таа изгледа како туку што да излегла од холивудските филмови од 50-тите, а ќе ја препознаете по раскошните модерни креации и убавите турбани, кои со текот на времето станале нејзин заштитен знак. Таа ужива статус на вистинска ѕвезда во светот на политичарите, кралевите и првите дами.



Поединечни извори тврдат дека во нејзината резиденција се крие вистинско модно богатство.







ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О