Ова се најдебелите Европјани: Дознајте на кое место се Македонците!

Гојазноста е проблем кој е сè почесто застапен во Европа. Сè повеќе луѓе се соочуваат со проблемот – прекумерна тежина, а не се ниту свесни колку може тоа да биде опасно за нивното здравје, но и нивниот животен век.

Вишокот на телесна маса станува сè почест проблем во европските ржави. Всушност, сè поголем е бројот на гојазни личности на кои им се закануваат дијабетес, кардиоваскуларни болести, откажување на слухот, видот, бубрезите, инфаркт...

Погледнете ја само мапата, базирана на најновите податоци на Светската здравствена организација за 2015-тата година, која покажува колку возрасни, постари од 18 години, имаат дијагноза гојазност во Европа.



Како што гледате и самите, со 19.6 отсто гојазни, состојбата во Македонија и не е толку алармантна, исто како што е и во Србија или Црна Гора, додека состојбата во Босна и Херцеговина е за нијанса подобра, со што тие се на завидното второ место, веднаш зад Молдавија, во која има помалку од 15 отсто гојазни луѓе.

Хрватите и Словенците пак би требало малку да се замислат бидејќи застапеноста на гојазноста кај четвртина од населението е сериозна причина за загриженост. Ако така продолжат, би можеле да ги стигнат и рекордерите Велика Британија и Турција.

Што се однесува до половите, погледнете ја статистиката и од овој аспект. Розовите подрачја на мапата претставуваат области во кои има повеќе гојазни жени, а сината каде што доминираат гојазни мажи.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О