Хан за медумите изјави дека конечно е постигнат е договор за спроведување на избори во Македонија.
Деталите за тоа кој ќе ги спроведе изборите и кој ќе остане на чело на Владата дотогаш, ќе се дискутираат на уште една средба која ќе се одржи во Брисел, идната недела.
Хан истакна дека средбата била конструктивна. Како што рече Хан во предизборниот период до април ќе треба да се прочисти избирачкиот список, за да се овозможи спроведување на фер избори.
Лидерите на сите четири политички партии застана зад него . Нема никакви други детали што точно се дискутирало на маратонска средба. Хан се заблагодари на медиумите што трпеливо чекаа осум часа.
По изјавата, Хан ја напушти резиденцијата на ЕУ, а лидерите на четирите политички партии Груевски, Заев, Тачи и Ахмети истакнаа дека нема да има никакви други детали од средбата, по што си заминаа и тие.