На југот на Австралија се наоѓа Кубер Педи, градот со околу 2.000 жители во кој луѓето живеат под земја. Поради неверојатно високите температури, жителите биле присилени целиот свој секојдневен живот да го преселат под земја. Затоа во градот освен домовите, има и подземна библиотека и подземна црква.

Овој интересен предел со години бил терен на кој работеле рудари во потрага за драги камења со кои е богата земјата, а денеска нивните тунели и простории по земја служат како првиот меѓународно познат подземен хотел.
Погледнете ги фотографиите од неконвенционалниот град.

