Погледнете го роботот на Tesla за полнење батерии

Автономните електрични автомобили во иднина веројатно ќе користат роботи за полнење на батериите. Компанијата Tesla Motors демонстрираше како би функционирал еден таков полнач.



Станува збор за комплетно автоматизиран прототип со изглед на змија, кој е во состојба да го нанишани приклучокот за полнење на батеријата на автомобилот, и да се приклучи на неа за само 10-тина секунди.

Некои од производителите развиваат безжични полначи за батериите на електричните и хибридните модели, но Tesla Motors го задржа конвенционалниот систем на полнење со кабел, со тоа што работи на негова автоматизација.

Предноста на ваквиот систем на полнење во однос на безжичните е неговата поголема ефикасност, бидејќи се губи многу помалку енергија.

Сепак со оглед на високата цена, останува да се види дали компанијата ќе ја комерцијализира оваа технологија и дали ќе ја понуди на своите клиенти.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О