Совршени гради, сигурни сте? Овој невидлив градник прави чуда...

Гледате жена со преубаво деколте, а градникот не се наѕира низ маичката. Воздивнувате со помислата – какво совршенство! Но, понекогаш во целата приказна совршен е единствено само градникот.

Ретки се оние среќнички кои што имаат гради кои што ѝ одолеваат на гравитацијата, а останатите се снаоѓаат како што умеат и знаат.


Класичните градници укажуваат на тоа дека им е потребна поддршка, но сепак, постои и таканаречен невидлив градник. Тој ги подига градите, а тешко е да биде воочен. За некои жени токму тој е совршената алтернатива пред да заминат под нож. Затоа момци, следниот пат кога ќе здогледате совршено убави гради, размислете дали тие се навистина совршени или пак се работи за совршена оптичка илузија.

Овој градник е исклучително популарен помеѓу богатите и славните жени бидејќи пред јавноста нивните гради изгледаат природно и совршено. Тоа се еден вид на лепенки за гради кои што се водоотпорни, па со нив може да одите и на плажа.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О