Коњановски: Секој земјоделец ќе има свој советник


Модернизација и реформи во  системот на давање советодавни услуги на земјоделците најави денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски.

konjanovski
- Секој земјоделец да има свој советник. Тоа  е нашата цел и ако  сакаме да имаме добар квалитет, поголем придонес како држава, тоа мора да го направиме,  изјави Коњановски по денешното годишно Собрание на федерацијата на фармери на Република Македонија.
Идејата, појасни, е да се вклучат што е можно поголем број советници кои ќе бидат задолжени  да даваат советодавни услуги за добри земјоделски пракси на земјоделците. Советодавните услуги покрај Агенцијата ќе може да ги даваат и други лица.  Ќе се изготвува закон за давање советодавни услуги, а планот на ресорното Министерство тоа да биде ефективно веќе од следната година.
- Во Македонија има повеќе од 700 агрономи и земјоделски  инженери кои завршиле на македонските универзитети, а некои и во странство, а кои  се кадар кој мора да го вклучиме во давањето советодавни  услуги кон земјоделците. Во тој правец размислуваме покрај државната агенција да вклучиме и голем број луѓе кои дополнително би ги обучиле во нашите универзитети за да бидат  подготвени во секој момент да даваат вистински правилни информации на нашите земјоделци, појасни Коњановски.
Според него, досегашната финансиска поддршка за земјоделците ќе продолжи и натаму, а во интерес на развој на земјоделството ќе има промени на закони и носење нови. - Наспроти  финансиската поддршка од пред шест години од само неколку милиони евра денес имаме поддршка од 135 милиони евра. Во втората половина од оваа година ќе се посветиме  кон дорегулирање на некои закони во однос на фитосанитарниот систем,  информира Коњановски.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О