Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, денес присуствуваше на натпревар во фудбал, помеѓу полнолетните штитеници од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“.
Дружејќи се со младите, Тодоровиќ ја најави измената во однос на изградбата на спортската сала во дворот на Домот „11 Октомври“, која ќе се гради во соработка со Агенцијата за млади и спорт.
-Денеска се наоѓаме во Домот за деца без родители „11 Октомври“ со цел да најавиме една измена, а се однесува на изградбата на спортската сала во овој дом. До нас стигна барање од граѓаните кои живеат во близина на овој дом, дека таа сала може да наштети во циркулацијата на свежиот воздух. Ние изнајдовме решение и истата сала ќе биде изградена под земја. Една таква сала градиме во основното училиште „Гоце Делчев“ која ќе биде готова за еден месец – изјави Тодоровиќ.