Додека децата на негова возраст уживаат во своето детство и единственото оружје кое некогаш го виделе е она во видео игрите и нивниот пластичен играчка пиштол, Ахмед ја нема таа среќа безгрижно да го минува своето време во игра и смеа.
Иако е премногу мал како би ја држел пушката како што треба, овој осумгодишник е веќе борец во граѓанската војна која "гори" во Сирија.
Потресните слики и видео, кои се видени од страна на целиот свет, претставуваат драстичен потсетник на дехуманизирачката природа на војната.