Фустанот на Џенифер Лопез беше волшебен и бајковит, но и проблематичен за носење

На Џенифер Лопез модните критичари ѝ посветија особено внимание на овогодинешното доделување на Оскарите, бидејќи оваа атрактивна латино дама сосема ги засени сите останати дами со својот гламурозен изглед.

Популарната 45-годишна пејачка според многумина беше и најдобро облечена дама на црвениот килим, додека блескаше во преубавиот фустан кој е креација на Elie Saab. Гламурозната креација е од колекцијата есен/зима 2014 на популарниот либански дизајнер. Блескавиот фустан Џеј Ло го надополни со со чанта од брендот Salvatore Ferragamo, накит со потписот на Neil Lane и обувки од брендот Giuseppe Zanotti.




Но, иако тоалетата беше навистина величествена, Џеј Ло се соочи со благи потешкотии при движењето, што и камерите успеаа да забележат.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О