Акциониот филм "Chappie" е на тронот, а зад него се комедиите "Focus" и "The Second Best Exotic Marigold Hotel".
Најновиот акционен филм "Chappie" во текот на минатата недела предизвика најголемо внимание ширум светот, и веќе во првата недела од прикажувањето заработи 13.350.000 долари.
Се работи за приказна која е сместена во блиска иднина, а во центарот на вниманието е полицискиот дроид кој станува прв робот со способност да мисли и чувствува. Главните улоги се на Шарлито Коплеј, Дев Пател и Хју Џејмен.
На второто место е "Focus" со Вил Смит во главната улога. Се работи за мешавина од комедија, крими приказна и драма. Филмот минатата недела заработи 10.01, од вкупно 34.56 милиони долари.
"The Second Best Exotic Marigold Hotel" е уште еден новитет на IMDB листата. Во првата недела од прикажувањето овој филм заработи 8.54 милиони долари. Џуди Денч и Мери Смит ги толкуваат главните улоги.
Четвртопласираниот, "Kingsman: The Secret Service" е минатогодишен филм кој во минатата недела заработи 8.31, од вкупно 98.04 милиони долари. Во оваа мешавина од акција, авантура и комедија, главните улоги им припаѓаат на Колин Фирт, Тарони Егертон и Семјуел Л. Џексон.
На петтото место на оваа листа е добро познатиот Сунгер Боб, односно во оригиналот "The SpongeBob Movie: Sponge Out of Water". Во изминатите седум дена тој инкасираше 6.66, од вкупно 148.66 милиони долари. Од сите Топ 10 филмови, тој е најдолго (пет недели) на оваа листа.
Филмот "50 Нијанси сиво" и понатаму одлично се држи. Тој е шести според минатонеделната заработка со 5.52 милиони долари, а вкупната цифра е навистина импресивна – 156.36 милиони долари.
Седма според заработката (5.22 милиони долари) е спортската драма "Mcfarland", приказна за успехот на локален калифорниски атлетичар до шампионските височини, со Кевин Костнер во главната улога. Филмот до сега вкупно заработи 29.33 милиони долари.
На осмото место, со 5.05 милиони долари е хоро трилерот "The Lazarus Effect" со Оливија Вајлд. Приказната за враќањето на мртовецот во живот до сега инкасираше 17.38 милиони долари.
Тинејџерската комедија "The DUFF" се наоѓа на деветтото место со 4.79, односно вкупно 26.05 милиони долари.
Топ 10 листата ја завршува уште еден дебитант, "Unfinished Business". Оваа комедија во првата недела од прикажувањето заработи 4.77 милиони долари.