Вчера во доцните вечерни часови во тетовското диско "Скорпиус" се случувала вистинска драма кога неколку лица почнале со палки и ножеви да се пресметуваат меѓусебе. Според информациите на тетовскота полиција биле приведени тројца напаѓачи кои ја организирале тепачката, а хитно во болница се пренесени повеќе лица од кои шестмина се во критична состојба. Причината за оваа тепачка не е наведена но се претпоставува дека било организирано.