Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски во текот на денешниот ден ќе оствари средби со жители на повеќе населени места во општина Кисела Вода.
На средбите со граѓани Трајановски е придружуван од градоначалникот на Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ, како и од носителот на листата на советници за советот на Општина Кисела Вода и веќе избран член на советот на Општина Кисела Вода, Трајче Донев.
За време на средбата со жителите на Драчево, Трајановски и Беличанец Алексиќ разговараа за нивните проблеми, притоа презентирајќи дел од реализираните проекти во нивните населени места и Општината Кисела Вода, како и за проектите кои ќе се реализираат во наредните 4 години. Најголемо внимание кај жителите предизвика проектот за продолжување со реконструкција и проширување на улица “Борис Трајковски” (поранешна Првомајска) кон населеното место Драчево. Преземено од Курир.