Со 15 милиони евра Владата ќе ги развива бизнисите во руралните средини


Владата обезбеди 15 милиони евра за отворање на микро и мали претријатија во руралните средини. Целта е да се создадат услови за економски развој и за отворање на нови работни места во руралните средини.

slika-vlada500
Овие средства Владата ќе ги даде за поддршка за отворање на компании во областа на земјоделско производство, алтернативно земјоделско производство, занаетчиство, туризам и услужни дејности.
-Владата обезбедува 50 отсто од трошоците за самата инвестиција. Доколку почетната инвестиција изнесува 3.000 евра, Владата ќе обезбеди 1.500 евра. Долната граница на инвестицијата ќе биде 3.000 евра, а горната ќе биде од 300-400.000 евра. Со оваа програма убедени сме дека ќе има голем број на вработувања и урбаниација на руралните средини, посочи портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.
Тој потенцираше дека доколку има потреба од поголема финансиска помош, Владата е подготвена да обезбеди дополнителна сума на средства за што поголем број на фирми и поголем број на вработувања.
-Направивме посериозни анализи за висината на невработеноста во однос на средината и дејностите. Утврдивме дека најголема невработеност има во руралните средини и во областите земјоделство, туризам и услужни дејности, рече Ѓорѓиев и додаде дека во овие области постои можност за поголема вработеност.
За средствата од оваа програма може да конкурираат трговци поединци, мали и микро претријатија, земјоделски стопанства, замјоделски задруги и ветеринарни станици.
Поконкретно овие средства ќе се даваат за преработка на млеко, месо, овошје,  зеленчук, потоа за одгледување на пчели и печурки, како и за дополнителни земјоделски производи. Исто така, ќе се финансира и отварање на откупни центри за земјоделски производи, отварање на автосервиси, фризерски салони, отварање не ветеринарни станици и набавка на земјоделска механизација.
Владата подготвува кампања во која претставници на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и Агенцијата за вработување на Република Македониј ќе ги запознаат граѓаните како да ги добијат овие средства, како и за тоа во кои сфери може да се добие поддршка од Владата и помош при изготвувањето на бизнис-плановите.
Основен услов кој треба да го исполнат граѓаните за да добијат финансиска поддршка од Владата покрај бизнис-планот е да ги имаат исполнето обврските по основ на даноци и придонеси, и да се од руралните средини, однодсно од средини со население под 30 илјади жители.
Приоритет во добивањето на средствата ќе имаат оние бизниси кои ќе овозможат поголем број вработувања. Извор на Курир.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О