- ДУИ ја осудува политичката одлука на ДИК. Оваа одлука ги спои старите стратешки сојузи кои секогаш се случуваат кога Албанците се оштетени. Минатата ноќ, сите бевме сведоци на непринципиелна соработка заради политички интереси, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, додавајќи дека оваа одлука е обид да се оцрни Чаир и да неметне политичка тежина.
Според него, одлуката на ДИК не им помага ниту на ДПА ниту на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа било непринципиелен „шопинг“ за да се релативизира победата ДУИ.